Пејачките Злата Петровиќ и Гоца Божиновска е единствената која на погребот на Шабан Шаулиќ во солзи го прегрнуваа вонбрачниот син на пејачот и му изразуваа сочувство.
Злата за српски „Телеграф“ прв пат проговори зошто го направила тоа иако сите ја осудуваа.
-Јас детето го познавам бидејќи живеев во Шабац, таму кај неговата баба доаѓаше често, а кај мајка му на Шабан доаѓаа и другите три деца на пејачот. Подоцна детето го немам видено одамна, освен во медиумите кога ќе излезеше некоја вест за него… Јас сум мајка и баба, јас ги сакам сите на овој свет, а особено во овие ситуации. Тој е негов син, ситуацијата е грозна во тој момент… Како да не го прегрнам? Секогаш ќе го прегрнувам. Јас сум таков човек и секое дете би го прегрнала, особено на погребот на неговиот татко. Некој знаеше дека тој е негов син, некој не, јас детето го гледав додека беше мало, вели Злата за српски „Телеграф.“
Таа додава и дека не знае дали еден ден ќе сфати дека Шабан повеќе го нема. Таа многу време поминувала со неа и вели дека е осетлив човек по тоа прашање.
ФОТО: ТЕЛЕГРАФ.РС/