Познатите пејачи Дејан и Саша Матиќ зад себе имаат многу богата и успешна кариера. Освен по големиот број хитови, познати се и по тоа што биле слепи како мали, што не ги спречило да станат една од најголемите пејачки ѕвезди.
Како што бременоста со близнаци често знае да биде ризична и тешка, така се и пејачите родени во 6-ти месец.
Малкумина знаат дека при раѓањето Дејан и Саша немале никакви проблеми со видот, но предвременото раѓање повлекува задолжително престој во инкубатор. Двајцата се родени на Бихаќ, но по раѓањето биле префрлени во болница во Загреб каде останале во инкубатори.
За жал, само неколку дена подоцна се појавија одредени проблеми и двајцата останаа слепи. Иако не се знае точно што се случило, се претпоставува дека се работи за грешка на медицинска сестра поради која браќата останале слепи.
-Тоа е грешка од невнимание. Сега, кој… не елаборирав и не прашав. Без разлика дали е лекар, дали е медицинска сестра, не навлегував во тоа. Тоа беше предвремено породување. Дека беше невнимание, беше, изјави во една прилика Дејан.
Се шпекулираше и дека постои можност на пејачите да им се врати видот со одредени операции, но поголеми шанси има Саша, кој во знак на солидарност со својот брат не сакал да оди на операција.
-О не, тоа е глупост. Сакаа да направат некои експерименти врз нас. Родителите не дозволија, а ни ние. Не ми се допаѓа што на оваа тема се зборува со години, а вие поима немате! Двете најлоши теми, кои најмалку ми се допаѓаат се: дали сум скаран со брат ми и што ми се случи со видот, изјави Саша, додавајќи:
-Моите пријатели и луѓето кои се во постојан контакт со мене знаат како живеам и знаат дека го сакам овој живот најмногу на светот. Дали сум бил лекуван и од кого, тоа е моја приватна работа. Има приказна кога еден мој пријател повикал такси и го прашале: „Во кој правец одиш?“, а тој рече: „Кому му е гајле освен мене?“.