среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ова е жената која за малку ќе го „украдеше“ Доналд Трамп од рацете на Меланија! (ФОТО)

Ова е жената која за малку ќе го „украдеше“ Доналд Трамп од рацете на Меланија! (ФОТО)

Малкумина знаат дека сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп на почетокот од својата врска со Меланија паралелно се гледал со уште една позната девојка, која воедно сакал и да ја ожени. Манекенката која сакал да ја земе за сопруга била Кара Јанг, а после некое време тоа му успеало во 1997 година.

Парот поминал 2 години во среќна врска, а долго време се пишувало дека таа била единствената од многуте со која Доналд сакал да се ожени после разводот од Марла Мејплс. Нивната љубовна приказна била многу сериозна, но Кара одбивала да се приврзе и се согласи на нешто повеќе, бидејќи веќе имала син од претходниот брак.

Сепак, она што ја прави оваа љубов уште поинтересна е тоа што се одвивала паралелно со почетокот на врската на Трамп со словенечката манекенка Меланија Кнавс. Всушност, Доналд убавицата со југословенско потекло ја запознал во 1998 година, а со неа наводно се гледал додека се уште бил со Кара. Така двете убавици станале ривалки. Пред две години, во книгата „Белата куќа Трамп: Менувајќи ги правилата на играта“ бил опишан еден инцидент од приватниот живот на денешниот претседател на САД, а во кој главни ѕвезди се Меланија и Кара.

Всушност, Меланија во една прилика на пат кон станот на Доналд во прочуената Трамп зграда во Њујорк, видела како токму од таму излегува Кара, која тогаш била поранешна девојка на нејзиниот драг Доналд. Меланија наводно толку многу збеснала што веднаш му прекинала на Трамп.

Но, Доналд бил импресиониран од карактерот на Меланија, па се потрудил да ги смири работите, поради што се смириле седум дена подоцна. Пред извесно време во медиумите се појави приказна дека иако Доналд никогаш не бил пример за верен сопруг, Кара била единствената која Меланија ја доживеала како закана. Сепак, патот на Доналд и Кара се разделил, па таа уште два пати се венчала, додека тој заплови во брачните води со Меланија, на кого во 2005 година ѝ се заколна на вечна љубов.

Најнови вести