Миљана Кулиќ, една од најпознатите учеснички во „Задруга“, неделава спие во изолација.
Таа синоќа имаше бурни расправии со сегашното и поранешното момче, Ненад Мацановиќ и Лазар Чолиќ.
Во еден момент утрово, Миљана се разбудила и сакала да јаде. Земала бисквит кој бил оставен до нејзиниот кревет и додека го јадела во седечка положба заспала и главата почнала да паѓа. Таа буквално презаспала со залак во устата.
Потоа Миљана наеднаш се разбудила, но набрзо повторно заспала во истата положба.
Да потсетиме, Кулиќ по операција на желудникот, пред неколку месеци помина низ вистинска борба за живот.