вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ова го нема ни на филм: Се запознале во кафеана, тргнале за Охрид па не им се посреќило- се вратиле на Козјак каде Розман била запросена

Ова го нема ни на филм: Се запознале во кафеана, тргнале за Охрид па не им се посреќило- се вратиле на Козјак каде Розман била запросена

Се поретко сме навикнати да слушаме приказни каде што двајца млади по кратко запознавање ќе стапат во брак, а уште по ретко е кога таквата љубовна приказна ќе биде успешна. Дека животот е непредвидлив вистински доказ е македонската мисица Емилија Розман која деновиве кажа ДА на човек кој го познава за неколку дена.

Имено, Розман за помалку од една недела го запозна својот партнер, се сврши за два дена и официјално стана мажена жена. Емилија пред неколку дена на социјалните мрежи објави дека кажала „да“ на своето тогаш момче, а сега сопруг Стефан Ангеловски. По свршувачката, таа за домашните медиуми раскажа дека со Стефан се знаеле само два дена и тој ја побарал за сопруга.

„Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа. Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејќи се познаваа со другар ми. Кога ја пружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид. На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“ Јас реков – зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не нѝ успеа бидејќи Стефан немаше извод. Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце. Секако реков – да“, изјави Розман за ММС, која четири години била сама. Meѓутоа, сега Емилија на социјалните мрежи објави дека станала и мажена жена.

Во кусите приказни на „Инстаграм стори“ таа објави заедничка фотографија со партнерот и во описот на напиша: „Just married“.

Од друга пак, страна Стефан на својот „Фејсбук“ исто така го смени својот статус од слободен во брак. Парот прослави во ресторан во кругот на најблиските, а Емилија на пошегува дека многу лесно ја дале на сопругот.

„Како лесно ме дадоа, човек да помисли дека им сметав по дома“, напиша манекенката.

Најнови вести