Вдовицата на Видој Ристовиќ, водителката Николина Пишек, преку социјалната мрежа Инстаграм ги известила своите следбеници дека во Белград пристигнала од Хрватска.
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од белградските улици и по тој повод испрати силна порака.
-Минатото треба да се убие со секој ден што избледува. Да се избрише за да не боли. Полесно би се поднесувал денот што трае, не би се мерело со она што повеќе не постои. Така се мешаат духовите и животот, па нема ни чиста меморија, ниту чист живот. И знам дека можам и ќе го направам. Дури и на ова место кое најмногу боли, порача Николина преку својот профил на Инстаграм.
Инаку, сите ја чекаат пресметката на Николина со таткото на Видој, свекорот Миша Гроф, бидејќи нивната јавна медиумска војна не стивнува по мистериозната смрт на Ристовиќ, а се пишуваше и дека Пишек го тужела Гроф, и дека ќе се сретнат на суд. Хрватската водителка и познатиот антикварец се во војна за имотот на Видој Ристовиќ (43), кој ненадејно почина на почетокот на мај во Белград. Николина неодамна откри дека ангажирала адвокати кои ќе и помогнат да го добие наследството на нејзиниот покоен сопруг.