Вардар овој викенд по втор пат стана европски шампион откако во финалето го победи Веспрем со 27:24.
Ова е втора титула за Вардарци во рок од три години, кога претходно во 2017 година за прв пат станаа европски шампиони.
Најголема поддршка за ракометарите секако се навивачите, но голема мотивација се и нивните понежни половини со кои ракометарите ги полнат своите батерии.
Вардаровиот херој од пред три години и хрватски репрезентативец Иван Чупиќ со неговата сопруга имаат четири деца, ќеркичките Барбара, Ива, Ника и Мара.
Тој неодамна во едно интервју кажа дека иако не носи прстен тоа не значи дека не е женет.
Инаку за потсетување, ракометарот во бизарна несреќа во 2008-та година остана без еден прст на својата лева рака.
Исто така еден од многуте ракометари кои се гордеат со своите понежни половини е и Стојанче Стоилов кој веќе подолго време ужива во врската со струмичанката Катерина.
Иако повеќето девојки на ракометарите не се занимаваат со спорт, сопругата на Тимур Дибиров на сите им е добро позната.
View this post on Instagram
Станува збор за Ирина Дибирова која е позната ракометарка и тренер на ЖРК Вардар, а со ракометарот Тимур имаат две деца.
Тој во една прилика кажа дека му требале само седум минути откако седнале во ресторан на вечера за да сфати дека таа сака да му биде сопруга и да биде мајка на неговите деца.
Ракометарот Сташ Скубе исто така е човек кој не крие дека се гордее со своето семејство и сопруга која неодамна наполни 30 години.
Парот има две деца со кого се гордее и често ги споделува на социјалните мрежи.
Исто така вардаровиот ракометар Глеб Калараш не крие дека најголема мотивација му е неговата сопруга Марина со кого стапи во брак во 2015 година.
View this post on Instagram
@Regrann from @marinasavenko: Буду хранить воспоминания о каждой секунде этого дня??? – via #Regrann
Сепак ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ, според многумина убедливо ја има најзгодната девојка која зрачи со сексапил и убавина. Парот неодамна објави фотографија од плажа на која убавата девојка на ракометарот е по танга.