Пејачката Миа Борисављевиќ го воодушеви понежниот пол со новата балада „Црни солзи“, а ниту мажите нема да останат рамнодушни на неа.
Баладата ја погоди Миа право во срце, а судејќи по првите коментари на социјалните мрежи, песната ќе стане женска химна.
-Песната е тажна. Зборува за солзи на жена, за жена која е измамена и изневерена. Римски ме одведе во нивното студио да ги слушнам песните. Кога го слушнав демото на оваа песна, не сакав да слушам повеќе. Се заљубив во емоцијата и плачев додека ја пеев, изјавила Миа Борисављевиќ.
Миа откри колку оваа песна влијаела на неа.
-Мислам дека песната ќе се залепи за срцата на публиката, како и за моето и дека сите ќе добијат морници и ќе ја почувствуваат таа силна емоција што ја почувствував кога ја пеев, истакна таа.