Таа е една од најстилизираните припаднички на британското кралско семејство.
По летната пауза, Кејт Мидлтон им се врати на работните обврски.
За оваа прилика, Војводката блесна во беж сако и темно сини панталони со широки ногавици а сето ова го зачини со мала дамска торбичка.
Карактеристично за нејзиниот стил е што избегнува нападен накит, но овојпат таа одбра малку помасивни обетки кои дополнително го збогатија нејзиниот шик изглед.
Според реакциите на социјалните мрежи, овој совршен изглед на Мидлтон ќе биде репер стил за првите есенски денови.
View this post on Instagram