Таа наскоро ќе започне и своја нова линија на бикини.
Моделот Медисон Мартина (23) почнала да се занимава со манекенство кога имала само 12 години.
Мала пауза направила поради студиите, а многумина сметаат дека таа не е само едно убаво лице во низа туку е и интелигентна и харизматична девојка.
Иако работела на големи кампањи како што се „Шанел“ и „Гес“, најчесто била ангажирана на рекламирање на бикини, па била на билбордите и рекламните брендови.
„Долго се занимавам со оваа работа и благодарна сум на секој еден ден во кариерата и се надевам дека ќе продолжам да се занимавам со моделинг сè додека компаниите ме сакаат. Навистина сум страсна кон модата и ги охрабрувам жените да се чувствуваат добро во својата кожа“, порачала таа.
Оваа убавица неодамна се впуштила и во претприемачките води, па започнала своја линија на бикини која треба да се појави на почетокот на 2022 година.
„Линијата сè уште е во развој и ќе биде иновативен глобален бренд на бикини наменет во нив да се чувствувате убаво и самоуверено“, изјавила таа.
Судејќи по пофалбите кои секојдневно ги добива на социјалната мрежа Инстаграм, сигурни сме дека ќе биде одлична амбасадорка на брендот.