Познатата водителка Елена Стефановска деновиве доминираше на Инстаграм со свои модни изданија.
Таа е секогаш средена од глава до пети, но овој пат во своето леопард издание никого не остави рамнодушен.
Ова е дезен кој ништо не може да го тргне од тронот и по него лудуваат речиси сите познати дами.
Водителката Стефановска секогаш носи комбинации кои можат да им бидат инспирација на многу дами, но овој пат во јавноста се појави во издание што преставува предизвик за секоја жена.
Авторката на „Живот со стил“ преку сето тоа носеше и мала црна чантичка префрлена преку рамото и сето тоа го вклопи со големи округли, висечки обетки и златни прстени на рацете.