Тајра Бенкс, американскиот топ модел, телевизиска личност и продуцент, била уловена во опуштено издание на улица.
Немаме често прилика познатите дами да ги видиме во опуштено издание без шминка, така што ова е вистински момент да направите споредба на изгледот на поранешната манекенка од црвениот тепих и додека опуштено се шета на улица.
Вистина е дека шминката прави чуда исто како и облеката, но често забораваме на една работа, а тоа е дека познатите дами се исти како и сите останати жени.
На сите позната како Афроамериканката која се појави на насловните страни на престижните магазини, Тајра започна кариера на 15 годишна возраст.
44- годишната манекенка беше седум години во редовите на Викторија Сикрет, а едно време беше и најплатената и најпознатата манекенка на светот.
Денес Тајра е позната по своето ријалити шоу “American Top Model”.