Улогата на Виолета многу се исплатеше!
Актерката Лидија Вукичевиќ засекогаш ќе остане запаметена по улогата во култната ТВ серија „Подобар живот“, а сега по долги години искрено ја призна вистината за хонорарот.
-Од хонорарите во серијата „Подобар живот“ направив куќа, изјави Вукичевиќ.
-Од реклами, кои ги снимав благодарение на серијата, купив два автомобили. Едниот беше за мене, другиот беше за татко ми, додаде Лидија во една емисија.
Инаку, Лидија постигна голема популарност благодарение на улогата на Виолета, а многумина коментираат дека актерката не се променила многу од ликот на серијата, со оглед на тоа што изгледа многу младо.