Актерката Софија Вергара важи за една од најубавите и најзгодни жени на светот.
Таа на 10 јули го прославила својот 51 роденден, а само неколку денови подоцна соопшти дека се разведува од Џо Манганел по седум години брак.
Тие двајца важеа за еден од најубавите парови во светот на познатите, но нивната љубов сепак не успеала да опстои. Тие кажале дека и натаму се сакаат и се грижат еден за друг, но дека „започнуваат ново поглавје во своите животи“, пренесе „Page Six“.
Софија е многу активна на социјалните мрежи каде редовно објавува свои фотографии, а бројни обожаватели во коментарите ѝ даваат комплименти за извајаната фигура и природната убавина.
Damn she really aging like fine wine pic.twitter.com/3KDCFbWe4h
— Lance🇱🇨 (@Bornakang) July 27, 2023
Така најчесто ѝ пишуваат дека изгледа барем двојно помладо и дека значително помладите девојки можат само да ѝ завидуваат.
Твитерџиите се досетиле да направат видео кое ќе ја претстави Вергара како се менувала низ времето, а со тоа прикажале нејзини видеа од 1995 година кога имала само 23 години ѝ била на почеток од својата кариера, па сѐ до сега.
„Оваа жена навистина старее како вино“, „Со годините станува само поубава“, „Најубавата жена на светот“, „Ау, каква жена…“, „Природна убавина“, биле само дел од коментарите под објавата.