Амбер Херд вчера по вторпат сведочеше на судењето за клевета поднесено од нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп. На судот беа прикажани текстови и фотографии коишто актерката ги снимила во текот на нивниот бурен брак.
Една фотографија го прикажува онесвестениот Деп по, како што вели таа, долгорајно консумирање дрога.
Американската актерка детално го опишала наводното сексуално и физичко малтретирање што наводно го претрпела од Деп.
Пред судот во четвртокот беа објавени и снимки на кои, како што тврди Херд, Деп е пијан и издрогиран.
Според изјавите на Амбер, Деп постојано се дрогирал неколку дена.
„Ќе се уништи себеси, ќе му требаат неколку дена, а потоа ќе започне „чист“ период бидејќи ќе се чувствува лошо“, тврди Херд.