Сабина Ајрула Тозија, една од најдобрите актерки во Македонија, почина вчера на 75-годишна возраст. Со неа се простува публиката, колегите, пријателите, а последен поздрав испраќаат и од нејзиниот Драмски театар.
-Со огромно жалење ја примивме веста за смртта на нашата Сабина Ајрула Тозија, една од најмаркантните актерки во театарската и филмската уметност. Сабина беше еден од столбовите на Драмскиот театар и ќе остане вечно запаметена по нејзините успешно одиграни улоги во претставите: „Дамите од Аламо“, „Болва во уво“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Еригон“, „Косанчиќев венец“, „Ивона, кнегиња бургундска“, „Авантурите на Понг и Луси“, „Свадба“ и многу други. Добитник е на безброј награди меѓу кои Државната награда „Свети Климент Охридски“ и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“. Вечна и слава, објавија од театарот.
Тие објавија и низа фотографии од богатата ризница. Сабина беше актерка која на сите улоги им даваше неверојатен сјај. Нејзината убавина, талент, улогите… вечно ќе останат во нашата меморија.
Во продолжение погледнете дел од старите фотографии од нејзините значајни улоги: