четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Овие три дами се ќерки на една од најпознатите брачни двојки во светот: Некогаш ги навредуваа за изгледот, а денес…

Овие три дами се ќерки на една од најпознатите брачни двојки во светот: Некогаш ги навредуваа за изгледот, а денес…

Ќерките на Деми Мур и Брус Вилис, Румер, Скаут и Талула денес се возрасни девојки, но за време на растењето се бореле со различни притисоци од страна на јавноста и злобните коментари за нивниот изглед.

На конференцијата наменета за жените, Деми Мур зборувала за својата зависност од алкохолот и за растењето на нејзините ќерки.

„Здравјето ме освести. Чувствувам дека колку повеќе работам на себе, им испраќам подобар пример на своите деца и ги учам што е исправно и колку е важно да се грижат за себе“, рекла Деми.

„Мислам дека денес живееме во едно многу тешко време. Притисокот на социјалните мрежи остава голема трага и, и покрај бројните предности на таа алатка, има многу повеќе негативни аспекти. На пример моите деца се ставени под микроскоп. Моите девојки водеа голема битка, бидејќи многу анонимни луѓе им велеа дека се грди“, рекла Мур.

Деми додала дека нејзините три ќерки за среќа израснале во прекрасни девојки од кои постојано учи нешто, за разлика од обратната ситуација.

Најнови вести