Полицијата на кантонот Сараево две години работи на случајот „Скај“ во кој се уапсени голем број лица кои се поврзани со извршување на различни криминални дејствија, пишува босанскиот портал „Кликс“.
Телевизијата Хајат располага со дел од извештајот за оперативните дејствија на сараевската полиција, кои се извршени во соработка со Европол и други агенции. Но, она што ја шокираше тамошната јавност е деталот од случајот против Адмир Арнаутовиќ, Аднан Маглиќ и нивната група во делот кој зборува за планот да и нанесат сериозни повреди на популарната пејачка Сенида, чие вистинско име е Сенида Хајдарпаш.
View this post on Instagram
Во извештајот се наведува дека во неколку наврати, користејќи ја апликацијата „Sky Ecc“, планирале и охрабрувале лица познати да извршат физички напад врз Сенида за време на нејзиниот престој во Сараево или на други локации, со тоа што би ја тепале, раниле или истурале киселина на нејзиното лице, свесен дека на таков начин ќе и нанесе сериозни повреди или сериозно ќе и го оштети здравјето.
Тие шверцувале дрога низ цела Европа
Во објавениот дел од извештајот се наведува и дека Арнаутовиќ и Маглиќ се осомничени за организирање меѓународна група во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Австрија, Германија, Швајцарија, Холандија, Белгија, Шпанија и Америка од средината на 2019 година, која транспортирала и продавала кокаин, марихуана и амфетамин. Во притвор моментално се осомничените Арнаутовиќ и Маглиќ, како и уште неколку членови на нивната група.
View this post on Instagram
Полицијата на кантонот Сараево поднесе извештаи и информации за околу сто лица за кривични дела организиран криминал поврзан со трговија со дрога, перење пари, градежна мафија, корупција на високо ниво што се протега на политичките партии, нивно финансирање, како и финансирање на нивните изборни кампањи . Исто така, при бројни акции сараевската полиција почна да ги чисти своите редови, па меѓу уапсените има и полицајци кои соработувале со криминалци.
View this post on Instagram