недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ОВОЈ ФУДБАЛЕР МУ Е КУМ НА ЃОКОВИЌ: Се женел двапати, а особено втората е манекенка која е вистинска секс бомба (ФОТО)

ОВОЈ ФУДБАЛЕР МУ Е КУМ НА ЃОКОВИЌ: Се женел двапати, а особено втората е манекенка која е вистинска секс бомба (ФОТО)

Во 2014 година најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се ожени со својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ.

Прославата се одржа на Свети Стефан во Црна Гора, а кум на Ноле беше неговиот школски другар, фудбалерот Невен Марковиќ.

Една година подоцна, Новак му беше кум на Невен на неговата свадба со Александра Танасковиќ. Невен и Александра ја добија ќерката Ина, а по пет години брак – решија да се разведат.

Марковиќ подоцна најде нова љубов – манекенката Наташа Дерикоња од Босна и Херцеговина. Невен се оженил и со Наташа, а кум повторно му бил Ѓоковиќ.

Според „Стил“, Наташа дипломирала на Факултетот за технички науки и е инженер по пејзажна архитектура.

Покрај тоа, таа се занимава и со манекенство и ги красеше насловните страници на бројни списанија.

Невен постојано зборуваше за пријателството со Новак. „Нашето пријателство е безгранично. Бевме секогаш еден за друг, во среќа и радост, но и во тешки животни ситуации, кои можеби беа премногу за момците што бевме. Пријателството опстана благодарение на разбирањето, почитта и борбата за него“, изјави своевремено Невен Марковиќ и додаде:

„Тој е фантастичен. Грижлив, секогаш подготвен да слуша и да помогне. Без разлика на сè што постигнал, тој секогаш се сеќава на своите пријатели. Тој има многу пријатели ширум светот, а јас не познавам личност која би можела да каже лош збор за него или да има други чувства освен почит и восхит“.

Најнови вести