четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Овој моден креатор ќе биде задолжен за изгледот на Тамара Тодевска на Евровизија

Овој моден креатор ќе биде задолжен за изгледот на Тамара Тодевска на Евровизија

Оваа година Изборот за најдобра песна на „Евровизија“ ќе се одржи во Тел Авив, Израел.

Македонски претставник на годинешното издание на „Евровизија“ ќе биде Тамара Тодевска која ќе не претстави со песната „Proud“ на авторскиот тим Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Преку социјалните мрежи таа се огласи и истакна дека таа вечер ќе пее за својата ќерка Хана.

Имено, Тамара заедно со својот тим полека се подготвува за ова музичко случување, а неодамна откри дека нејзини придружни вокали ќе видат Антониа Гиговска, Андријана Јаневска и Васил Гарванлиев.

Што се однесува за стајлингот и изгледот на Тамара, ќе се погрижи модниот креатор Александар Ношпал.

– Не одам на Евросонг за да се докажувам или покажувам. Одам единствено заради Тамара со која сум заедно растен и со која сум емотивно врзан. Имаме одлична песна и одличен вокал. Уште е рано да го откривам изгледот на нашата ѕвезда, ама ќе биде едноставна и прочистена во стилот“ вели Александар за „Независен весник“.

Инаку, Александар Ношпал е бренд на модната сцена кај нас. Автор е на над 50 костимографски дела на драми, балети и опери кои се играат на најголемите македонски национални театарски институции , како и неколку познати национални институции во странство.

За потсетување, Ношпал по четврти пат ќе се погрижи за изгледот на наш претставник на Еворвовизија. Во 2000 година ги стилизираше „XXL“, во 2002 Каролина Гочева, во 2004 – Тоше и годинава Тамара.

Најнови вести