Водителот Огњен Амиџиќ се сети на својот починат пријател Маринко Маџгаљ и призна дека се уште го чува неговиот број во именикот.
Секоја година кон крајот на август, Огњен Амиџиќ (47) е соочен со тага. И така шест години. Како што се наближува денот кога неговиот починат пријател Маринко Маџгаљ ќе го прославеше роденденот (21.08), така се почест и подолг е списокот на спомени од меѓусебните дружења.
Оваа година актерот кој прерано не напушти ќе наполнеше 44 години.
-Маринко не им придаваше големо значење на своите родендени. Најчесто ги славевме спонтано. Никогаш не беше лажен гламур, илјадници балони и лампиони, само излегување во кафуле со добро друштво, кое обично завршуваше со некоја актуелна песна со гитара. Неговите родендени често ги славевме на нашите свирки, па на сред настап знаев да извадам педесет евра или што и да имам во тој момент и да се потрудам да го почестам, рече тој.