понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Овој потег е ХРАБАР: Сопругата на принцот Хари го ископира стајлингот на покојната принцеза Дијана (ФОТО)

Овој потег е ХРАБАР: Сопругата на принцот Хари го ископира стајлингот на покојната принцеза Дијана (ФОТО)

Многу луѓе ја искористија смртта на Елизабета Втора и неколкудневните кралски церемонии за да ги разбудат спомените за Лејди Дијана, чија смрт, според многу поддржувачи на британската круна, е поврзана со нејзината врска со кралицата.

Општо е познато дека принцезата од Велс не беше сакана од институцијата, туку таа беше сакана од народот.

Таа приказна многу наликува на животот кој сега го живее актуелната војвотка од Сасекс, Меган Маркл.

Во меѓувреме, се чини дека Маркл и се восхитува на Лејди Ди, не само поради нејзиниот карактер и став, кои се чини дека го делат, туку и поради нејзиниот стил. Сопругата на принцот Хари и оддаде почит на нејзината покојна свекрва во неколку наврати низ годините.

Војвотката од Сасекс присуствуваше на службата за Денот на сеќавањето во целосно црна облека, со капут, шапка, цвет… Секое делче од оваа комбинација има свое значење, но тоа никој денес не го коментира.

Тоа што е главна тема е случноста со стајлинот на Лејди Ди.

 

Најнови вести