Откако почина принцот Филип денеска во кралскиот дворец во Лондон членови на Бакингемската палата поставија известување за неговата смрт.
„Со голема тага ве известуваме дека нејзиното височество Кралицата објавува за смртта на нејзиниот сопруг, неговата екселенција принцот Филип, војводата од Единбург“, стои во пораката.
Како што истакнаа од палатата тој починал рано утрово во Виндсор на 99 години.
Војводата последните денови ги помина во дворецот Виндсор заедно со кралицата откако од средината на февруари 28 дена беше во болница.