Пејачката Тејлор Свифт неодамна го објави седмиот по ред студиски албум под називот „Lover“. Една од песните која на фановите најмногу им го привлече вниманието е „Soon You’ll Get Better“. Нумерата Тејлор ѝ ја посветува на својата мајка која по вторпат се бори со карциномот.
„Очајните луѓе ја пронаоѓаат верата, па сега му се молам на Господ. Но, со кој ќе зборувам? Што да правам, ако тебе те нема“, пее Тејлор Свифт во новата песна.
Пред четири години пејачката изјавила дека има семејни проблеми и дека двајцата нејзини родители се борат со ракот, но и дека нејзината мајка Андреа Свифт повторно се бори со опасната болест.
– Ракот на мојата мајка е реален проблем. Бев анксиозна во врска со секојдневните подеми и падови. Сите грижи, стресови и молитви ги менувам за реалните проблеми – рекла Тејлор.
Пејачката во „Soon You’ll Get Better“ пее за првата посета на онкологот, како нејзината мајка ги сака медицинските сестри кои се добри кон неа и како ќе ја реновирала кујната пред доаѓањето на мајка ѝ од болница за да се чувствува попријатно во новиот простор.
– Сакам да ви кажам дека оној кој во вашиот живот бил мајчинска фигура ве направил такви какви што сте и бидете благодарни за тоа – вели Тејлор.