вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пејачката го покажа својот стомак и им порача на хејтерите: „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?“ (ФОТО)

Пејачката го покажа својот стомак и им порача на хејтерите: „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?“ (ФОТО)

Пејачката Бебе Реџа се најде на мета на критики поради изгледот, по што одлучи да им одговори на критичарите, покажувајќи го својот стомак.

Многу нејзини фанови ѝ порачале дека се здебелила и повеќе не е атрактивна како порано, на што таа одлучила да реагира.

Имено, Бебе Реџа објавила скриншот на кој се гледа дека корисниците на социјалните мрежи често го пребаруваат нејзиното име покрај зборот „fat“ (дебела), пребаруваат фотографии од неа во костим за капење и ги споредуваат нејзините фотографии од порано со оние сега.

Покрај скриншотот, Реџа објавила и фотографија на која позира во тренирки и на која се гледа нејзиниот стомак.

„Да, јас сум во мојата дебела фаза, па што?“, навела пејачката.

Ова не е првпат таа да се сретне со критики на сметка на нејзиниот изглед. Претходно исто така се најде на мета на критики поради тежината, а и тогаш им одговори на оние љубопитните кои сакале да знаат колку килограми тежи таа.

„Гледањето на таа лента за пребарување е толку вознемирувачко. Не сум лута затоа што тоа е вистината. Се здебелив. Но, едноставно е за никаде. Им благодарам на сите луѓе кои ме сакаат без разлика на сè“, напиша таа на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

Најнови вести