Пејачката која пред неколку години стана вдовица и го загуби својот маж повторно ја шокираше јавноста откако се врати во родната Србија и го остави свршеникот.
Станува збор за пејачката Гога Секулиќ на која напорно и беше да патува еднаш неделно од Белград до Цирих па му предложила на свршеникот дека најдобро е неколку месеци тие да останат во своите градови за да им биде полесно.
-Парот совршено функционира, но мора да си пронајдат заедничко решение како двајцата би биле задоволни на сите полиња. На пејачката и е напорно еднаш неделно да патува до Цирих па му предложи на свршеникот неколку месеци да остане дома во Белград за да им биде полесно на двајцата. Таа за сето ова време сака да и се посвети на кариерата и музичките ангажмани, вели изворот близок до пејачката.
Нејзиното момче во ниту еден момент не и направило проблем, а според изворот тој потполно ја разбира нејзината работа, а и тој често не е дома кога има натпревари.