Пејачката Мајли Сајрус и нејзиниот вереник, актерот Лијам Хемсворт ја раскинаа веридбата иако овој пат навистина беа на чекор до олтарот. Иако не е прв пат да прекинат, сега односот меѓу нив навистина е завршен.
Парот се вери во 2012. година, а бидејќи пејачката не била подготвена за следниот чекор, секој од нив продолжи по својот пат.
-Постојано го одложуваше бракот и децата, а тој навистина сакаше семејство. Се караа и на крајот прекинаа. Сите видеа каде води неговиот притисок, но тој е прилично изненаден од нејзиното заминување. Навистина е скршен, изјавил неименуван извор за магазинот „ОК! Австралија“.
Пејачката (25) и актерот (28) се верија одамна, па прекинаа, па се смирија, па повторно се раздвоија, но последен пат кога се верија двајцата изјавија дека тоа ќе биде „засекогаш“.