Гога Секулиќ никогаш не ги криела естетските процедури кои ги има направено на себе, а сега призна дека трпи силни болки поради големината на градите.
Пејачката откри дека планира да ги намали градите од здравствени причини.
-Не е тајна дека имам силиконски импланти во градите, но ќе мора да направам корекција, како заради грбот, така и заради породувањето, бидејќи моите гради се опуштија. Планирам да ги намалам и затегнам, рече Гога.
Ретки се оние пејачки и дами од јавниот свет кои не ги зголемиле градите, но сега се почесто слушаме дека се одлучуваат да ги извадат или намалат.
Еден од примерите е пејачката Цеца Ражнатовиќ која пред неколку години исто така ги намали градите.