Пејачката Виолета Вики Миљковиќ неодамна се посвети на новиот бизнис со недвижности, кој го започна со својот сопруг Драган Ташковиќ Ташке.
Имено, пејачката отворила компанија во Белград, а свои брокери има и во Чикаго, Мајами, Дубаи, Карибите и Флорида, а како што објавија медиумите за неполна година имала добивка од три милиони евра.
Вики откри дека бизнисот оди одлично, а таа и нејзиниот сопруг отвориле компанија и во Турција.
-Недвижностите одат фантастично, отворивме компанија во Истанбул, таму имаме дизајнерска канцеларија. Имаме многу вработени таму, има архитекти и други стручњаци кои се занимаваат со уредување. Имаме и луѓе кои продаваат недвижен имот во Анталија, Аланија и Бодрум. Што се однесува до нашата компанија во Белград, таа продава недвижен имот во Дубаи и во ексклузивни делови од нашиот главен град, како што е Белград на вода. Станува збор за луксузни недвижности, изјавила пејачката.