Водителката Николина Пишек ги известила следбениците на Инстаграм дека го имала првиот работен ден на новата работа, на една српска телевизија, додека нејзините проблеми со Мишо Гроф, како тврди, не престануваат.
Николина помина низ тежок период кога и почина сопругот Видоје Ристовиќ, па истакнала дека мора да биде јака, пред се поради својата ќерка.
„Морам да бидам одлична и способна и среќна поради мојата ќерка, која во мене ја бара сламката за спас. Го загуби татко и, заштитникот и ме има само мене. Тежок товар падна на мене, со оглед на тоа дека таткото на Видоје, со помрачен ум од болка во мене и Уна најде непријатели – рекла Пишек.
View this post on Instagram
„Морам да бидам карпа која ќе ги разби сите негови лоши намери. Тоа го тргнав на страна и со тоа ќе се занимаваат институциите, јас морам да ја заштитам ќерката на најдобар можен начин од се, па и од нејзиниот биолошки дедо – додала познатата хрватска водителка за „Стори“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram