вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Перишиќ казнет бидејќи не се појави на судењето за случајот „Ванда“

Перишиќ казнет бидејќи не се појави на судењето за случајот „Ванда“

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ (33) е казнет со 500 евра поради непојавување пред суд во Милано.

Според Gazzetta dello Sport, фудбалерот на Тотенхем требало да се појави во случајот „Ванда“ како сведок на Мауро Икарди.

Икарди го тужи новинарот Фабрицио Корона, кој во февруари 2019 година објави напис во кој тврди дека тогашната сопруга на Икарди, Ванда, имала афера со Марсело Брозовиќ.

Мауро го повика да сведочи Перишиќ, кој тогаш беше негов соиграч во Интер, а хрватскиот фудбалер се согласи, но не се појави пред судот во Милано бидејќи синоќа беше на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Ајнтахт (3:2), а не влезе во игра.

Судијката Елизабета Каневини го казни Перишиќ со 500 евра поради непојавување пред суд, а одлучи на следното рочиште на 25 јануари да го донесе полиција.

На судењето не се појави ниту Икарди, а судијката рече дека ќе ја прекине постапката доколку тој не биде на рочиштето во јануари.

Како што пишува Gazzetta, можно е Икарди да се откаже од тужбата, бидејќи тој и Ванда во меѓувреме се разделија.

Најнови вести