вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пет месеци откако манекенката си го одзеде животот проговори нејзината мајка- познатата новинарка упати моќна порака низ целиот регион

Пет месеци откако манекенката си го одзеде животот проговори нејзината мајка- познатата новинарка упати моќна порака низ целиот регион

Марија Чуриќ која пред точно пет месеци се самоуби ги остави во шок сите во регионот бидејќи стануваше збор за позната водителка и манекенка од Србија.

Нејзината мајка Ан Мари Чуриќ која исто така е позната и е новинарка собра сили и по пет месеци од несреќата проговори за семејната трагедија.

-Како после трагедијата човек да продолжи напред? Пред се продолжувам да го славам животот без разлика дали нашите најблиски се тука или не. Да славите живот за оние на кои им значите и да се обидете да помогнете на оние кои им е потребна помош е најважно. Не смееме да заборавиме дека живееме во друштво во кое не се зборува за емоциите, особено за негативните емоции. Не е проблем вие да кажете дека ве боли глава, но никој нема да ви каже дека сте мрзливи и да се фатите за лопата да сработите нешто и дека така ќе ви пројде главата. Никој нас не не учи да ги препознаеме сопствените емоции. Срамота е да се зборува дека не сме добро, бидејќи луѓето веднаш ќе ви стават некоја етикета, вели новинарката Ан Мари.

Таа додава дека денеска се навршуваат пет месеци од смртта на нејзината ќерка, манекенката Марија замина од овој живот на 25 години иако имаше не само поддршка и љубов и разбирање и семејство.

-Суштината е дека треба да научиме да препознаваме да говориме за емоциите какви и да се, а тоа се прави уште од градинка, порача новинарката во емисијата „Утро со Јована и Срѓан.“

Најнови вести