среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Петар Грашо и Хана Хулиќ ден по венчавката мета на критики поради свадбената торта (ФОТО)

Петар Грашо и Хана Хулиќ ден по венчавката мета на критики поради свадбената торта (ФОТО)

Склучувањето на бракот помеѓу хрватскиот пејач, Петар Грашо и неговата избраничка, Хана Хулиќ, беше наречен „венчавка на годината“, но еден детаљ му пркосеше на севкупниот впечаток.

Иако младенците за кратко време успеаа да ја организираат својата венчавка, се чини дека баш и не вложиле труд во свадбената торта. Имено, на социјалните мрежи кружи фотографија на која Грашо позира покрај тортата, која според повеќето, изгледа сосем обично.

Како што пишуваат локалните медиуми, тортата изгледала многу скромно и едноставно, но најверојатно тоа е така бидејќи и тие двајцата како личности се едноставни, со оглед на фактот што ни еден од нив не беше воодушевен од вниманието што го добиваше нивната врска во јавноста, па за неа многу малку и зборуваа.

Да потсетиме, Петар Грашо и Хана Хуљиќ оваа сабота го кажаа судбоносното „Да“ во црквата „Свети Доминик“ во Сплит во кругот на нивните најблиски пријатели и семејството. Иако пред црквата ги пречекаа голем број новинари и обожаватели, младенците подзастанаа кратко за да се фотографираат, а потоа набрзина влегоа во автомобилот што ги чекаше и заминаа на прославата.

Најнови вести