четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Петар Грашо проговори за скапоцените моменти со ќерката и сопругата, а потоа откри детали за односот со Тончи Хуљиќ

Петар Грашо проговори за скапоцените моменти со ќерката и сопругата, а потоа откри детали за односот со Тончи Хуљиќ

Пејачот Петар Грашо проговори за теми кои ја интригираат јавноста, а откри и како се снашол во новите животни улоги на татко и сопруг.

-Поминуваме помалку време заедно отколку што би сакал, бидејќи оваа сезона е навистина полна со концерти кои беа организирани минатата година, но одложени за ова лето поради коронавирусот. Затоа ми се уште поскапоцени моментите со семејството. Среќен сум што сум благословен со улогата на родител, изјави Грашо.

Тој откри и како изгледа неговото дружење со Тончи Хуљиќ, таткото на неговата сопруга.

-Со Тончи постојано се шегуваме. Секојдневно си ги наоѓаме слабите точки и едвај чекаме да ги „погодиме“. Тоа е чиста Далмација. Моите родители и сестра ми се слични во тој поглед, рече Петар.

На прашањето каков дедо е Тончи, тој кратко одговори:

-Грижлив, како остатокот од нашето семејство, заклучи тој.

Најнови вести