четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПЕТАР ГРАШО СТАНА ТАТКО: Се породи Хана Хуљиќ и на свет донесе девојче со уникатно убаво име

ПЕТАР ГРАШО СТАНА ТАТКО: Се породи Хана Хуљиќ и на свет донесе девојче со уникатно убаво име

Хана Хуљиќ денеска го роди своето прво дете – девојче. Ова е прво бебе на парот, а тие се венчаа на почетокот на оваа година. Бебето требаше да дојде на свет на 23 јули, но реши да дојде неколку дена порано.

Сопружниците веќе открија дека ќерката ќе ја именуваат Алба.

За потсетување, Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа во Сплит во саботата на 19 февруари, во црквата Свети Доминик, опкружени со семејството и блиските пријатели.

Неодамна Хана настапи во Загреб кај Томиславац. Хуљиќ одржаа поп концерт – МИСА МЕДИТЕРАНА, нивно авторско дело, во Томиславац во Загреб. По тој повод таа даде интервју за магазинот Story.hr.

– Имав мала нервоза, гласот ми беше малку поинаков поради бременоста, затоа не учествував на целата миса, но задоволна сум како помина се – изјави убавата сплиќанка по настапот, откривајќи ги нејзините мали тајни за бременоста.

-Кога одев на проби за миса, а пред настапот, ќерка ми ме шутираше. Нема да ја мачам повеќе до породувањето, низ смеа ни изјави Хана.

А колку брачниот живот и татковството на Грашо му го промениле секојдневието, изјави тој откако се ожени на 19 февруари во Сплит со девојката што ја познава речиси цел живот:

– Имам слатко исчекување, доаѓа нешто ново, мало битие. Тоа е најубавиот печат до крајот на животот. Дали се плашам? Не. Среќен сум, сакам деца, сега кога ќе дојде моето дете се надевам дека ќе му ја дадам љубовта што ми ја дадоа моите родители.

Најнови вести