Хрватскиот пејач Петар Грашо е хоспитализиранм потврди неговата менаџерка Мартина Подгорски.
Тој неодамна стана татко на ќерката Алба, но периодов постојано има настапи и концерти. Напорната работа довела до тоа пејачот да има пад на имунитетот и да мора да прими инфузија.
Неговата менаџерка потврдила дека тој е добро, а се работело за замор.
-Прими витаминска инјекција. Не станува збор за тешка ситуација и болница, вели Мартина за Стори.хр додавајќи дека сопругата Хана и ќерката се добро.