Актерката Весна Бејби Петрушевска се прости од маестро Александар Џамбазов, кој денеска почина во Скопје, неколку дена пред 86-тиот роденден.
-Единствениот маестро за мене во мојот живот, кроток, мил, зборлест, духовит, вечно вљубен во својата Анче, постојано загрижен за своите Тања и Игор…Што седења сме си имале пред Воена болница кога Игор имаше проблеми со здравјето, колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа што бев многу љубопитна. Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал. Те сакам мој мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор!!!! Игор и Тања, моето најдлабоко сочуство, чичко Ацо баци ми ја Анче, напиша Петрушевска на социјалната мрежа на Фејсбук.