недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пике сакал да згази новинар, па му се заканувал со смрт: Скандалозно однесување на фудбалерот – сè поради едно прашање (ВИДЕО)

Пике сакал да згази новинар, па му се заканувал со смрт: Скандалозно однесување на фудбалерот – сè поради едно прашање (ВИДЕО)

Пике, полека, но сигурно се „одмаздува“. Иако на прва се чинело дека ужива во својот негативен публицитет, откако неговата поранешна партнерка објави песна во која изнесе пикантерии од нивниот однос, се чини дека ситуацијата полека се менува, така што одлучил да направи некои и повеќе од подготвени потези.

Тој пред неколку денови, како што пишува „Marca“, се обидел да го прегази новинарот Жорди Мартин и тоа само затоа што му поставил едно прашање.

Имено, новинарот го замолил Пике да ја искоментира новата песна на Шакира, која исто така му е посветена него.

Мартин открил дека Жерар Пике пристигнал во куќата на родителите со својата девојка Клара Чиа Марти и не сакал да одговара на новинарските прашања за новата песна на Шакира која ја сними со Керол Џи.

Мартин раскажа дека на сето тоа Пике само се насмеал и продолжил по својот пат. Меѓутоа, неколку моменти подоцна, фудбалерот ја напуштил куќата на родителите, а Мартин и натаму бил на своето место. Кога го здогледал, Пике за малку ќе го прегазел.

„Денеска поминав низ непријатна епизода со Жерар Пике и Клара Чиа, за малку ќе ме прегазеше“, изјавил Мартин за шпанската емисија „El Gordo“.

Како тоа да не било доволно, новинарот кажал дека добил и неколку закани од фудбалерот.

„Кога излегоа, Пике толку го забрза автомобилот што за малку ќе ме прегазеше“, додал тој.

„Нешто подоцна се разминавме и двајцата ми се смееја и ме навредуваа, ми покажуваа непристојни знаци“, објаснил новинарот.

И, приказната тука не завршува затоа што Мартин навестил дека Пике на овој или оној начин го добил неговиот број од телефон и му се заканувал.

„Пике го доби мојот број од телефон, па дури ми се јави и ми кажа дека ќе умрам, инаку ова не му е првпат“, изјавил новинарот.

Најнови вести