Актерката Амбер Херд во ексклузивно интервју за „NBC News“ повторно го обвини Џони Деп. Реакциите на нејзините изјави не престануваат, а се огласи и познатиот британски новинар Пирс Морган, кој е познат по тоа што нема влакна на јазикот.
Тој ги коментираше нејзините зборови дека социјалните мрежи влијаеле на исходот на пресудата и дека Џони и таа „немале еднаков третман на социјалните мрежи“.
„Не можете да ми кажете дека мислите дека е фер“, рече Амбер.
„Поротниците не прочитаа ништо на социјалните мрежи, ги слушаа доказите и заклучија дека лаже. Предлагам г-ѓа Херд да престане да се преправа дека е жртва“, коментира Пирс Морган.
The jurors didn’t read any of the social media stuff, they listened to the evidence & concluded she was lying. I suggest it’s time for Ms Heard to stop playing the victim. https://t.co/P79K64UtIO
— Piers Morgan (@piersmorgan) June 13, 2022
Тој исто така ја спореди Амбер со Меган Маркл.
„Амбер Херд е како Меган Маркл – колку повеќе моли и ја глуми жртвата, користејќи ги нејзините најдобри актерски способности, толку помалку ѝ верувам“, напиша тој.
Amber Heard is like Meghan Markle – the more she whines & plays the victim, utilising her best acting skills, the less I believe her.
— Piers Morgan (@piersmorgan) June 14, 2022
Да потсетиме, Амбер верува дека Џони бил фаворизиран од поротата.
„Не ја обвинувам поротата. Јас всушност ги разбирам. Џони е омилен лик на многумина и луѓето мислат дека го познаваат. Тој е фантастичен актер. Не ми е гајле што мисли некој за мене или какви пресуди сакате да донесете за она што се случило во приватноста на мојот дом, во мојот брак, зад затворени врати. Мислам дека просечниот човек не треба да ги знае овие работи. И затоа и не го сфаќам тоа лично“, заклучи таа.