вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пластичните хирурзи имаат полни раце работа: Жените го сакаат овој дел од лицето на Меган Маркл

Пластичните хирурзи имаат полни раце работа: Жените го сакаат овој дел од лицето на Меган Маркл

Меган Маркл се наоѓа на самиот врв на листата на светски ѕвезди на кои сакаат да личат корисниците на услугите на пластичните хирурзи. Од тронот одамна се симнати Ким Кардашијан и Кајли Џенер.

Меган има речиси совршено обликуван нос. Правилно и се сместени очите и брадата која е во облик на буквата „V“. Лицето и е со дорба симетрија и близу она што Грците го сметале за совршено, вели хирургот Де Силва за британски Експрес.

Откако Меган и принцот Хари ја објаија веридбата, жените ширум светот почнаа да го копираат нејзиниот стил на облекување, но и изглед. По нивната венчавка која се одржа на 19 мај, хирурзите, како што самите тврдат, добиле повеќе работа околу копирањето на новиот член на кралското семејство.

-Сè повеќе жени доаѓаат кај мене и бараат нос како нејзиниот. Има таков облик кој изгледа преубаво од профил. Ситен е и многу женствен, кажа неодамна американскиот пластичен хирург Норман Роуви за магазинот Едишн.

Сепак експертите велат дека војвотката во Сасекс со „средувала“ носот, што е видливо по нејзините фотографии од тинејџерските години. Меган во 1999 година на 18 години се фотографирала за средношколскиот алманах во Лос Анџелес, а себе си се претставила со еден цитат.

-Жените се како кесички чај. Не сфаќаат колку се силни, додека не се најдат во „жешка вода“, ја цитирала екс актерката Елеонор Рузвелт, сопруга на поранешниот американски претседател Франклин Д.Рузвелт.

Меган никогаш не ги потврдила, ниту ги демантирала гласините за пластична операција.

Жените од хирурзите не го бараат само носот на Меган, туку и јагодичната коска и обликот на вилицата.

Најнови вести