петок, 22. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

По 23 години брак: Холивудскиот актер се разведува

По 23 години брак: Холивудскиот актер се разведува

Холивудскиот актер, Џим Белучи, по 23 години брак се разведува од сопругата Џенифер Слоан. Барањето за развод актерот го поднел пред неколку дена во Врховниот суд во Лос Анџелес.

Медиумите потсетуваат дека ова не е прв обид за развод на холивудската двојка. Белучи и неговата сопруга поднеле барање за развод и пред три години, а како причина тогаш навеле „непомирливи разлики“. Тогаш развод побарала Џенифер, но набрзо потоа тие ги надминаа непомирливите разлики и останаа во брак.

Џим Белучи и Џенифер Слоан се венчаа во 1998 година и во бракот имаат две деца – ќеката Џемисон (22) и синот Џеред (19).

На актерот ова му е трет брак. Од 1980 до 1988 тој беше во брак со Сандра Девенпорт со која го има синот Роберт (38), а од 1990 до 1992 година животна сопатничка му беше Мерџори Бренсфилд.

Џим Белучи зад себе има богата филмска кариера, но најпознат е по главната улога во серијата „Acoording to Jim“ која се емитуваше од 2001 до 2009 година.

Најнови вести