Изминатите три месеци македонските јавни личности своите кариери ги ставија на пауза, а времето го поминуваа во своите домови во сосема едноставни изданија без шминка, фризура, ново уредени нокти….
Доколку пред март можевме да ги видиме во разни комзетички салони, за овие три месеци тие ставија пауза на разубавувањето, шминкањето, фенирањето….или доколку имаа потреба тоа го прават, мораа сами да се средат.
Меѓутоа, кога ублажија мерките и почнаа да се отварат фризерските салони, македонските дами веднаш се упатија да резервираат место и да се фрлат на разубавување, а некои направија и промени.
Овој пат,некои од нив не заминаа на фризер туку во козметички салони каде се фрлија на разни третмани.
Пејачката Викторија Лоба времето на изолација го поминуваше со свршеникот во нивниот дом во центарот на Скопје.
По олабувувањето на мерките, пејачката деновиве направи третман за топење на мастите на најкритичните места.
Мелита Ракиќевиќ изминатиот период исто така го поминуваше дома од каде често ги честеше следбениците со прекрасни фотографии од погледот од нејзиниот дом, но и им покажа како знае да ужива.
Мелита деновиве во козметички салон се фрли на „чупкање“на веѓите и нивно облекување кои сигурно пораснале доколку не ги чупкала овие месеци.
„Нови веѓи“ напиша таа на една фотографија.
Аделина Тахири секогаш знае да инвестира во себе и во својот изглед, што со разни модни брендирани модни парчиња, што со терапии за разубавување.
Таа се одлучи за третман за подмладување со матични клетки. А како изгледа овој третман, Тахири им покажа на своите следебеници на социјалните мрежи.
Веруваме дека дамите си заминале среќни и задоволни од третманите, па и наскоро кога ќе имаа потреба повторно ќе се вратат да се разубават и негуваат.