Мадона го слави повторното објавување на нејзината забранета реклама за Пепси по цели 34 години.
Пејачката (65) работеше со производителот на газирани пијалоци на видео од 1989 година во кое го промовираше нејзиниот хит „Like a Prayer“, а договорот беше вреден 5 милиони долари.
Меѓутоа, само еден ден по емитувањето на рекламата, религиозните групи протестираа поради сцената на палење крстови и заведување на светецот, а видеото беше дури осудено и од Ватикан.
И покрај ова, двеминутната реклама достигна 250 милиони гледачи во повеќе од 40 земји.