среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По болни 11 часа Лејла е родена: Шехерезад објави фотографии од породувањето и откри низ што поминала

По болни 11 часа Лејла е родена: Шехерезад објави фотографии од породувањето и откри низ што поминала

Бергузар Корел неодамна на свет го донесе своето трето дете, ќерката Лејла.

Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографии од породувањето, а турската актерка изгледа многу изморено. Нејзиниот сопруг Халит Ергенч бил покрај неа.

Бергузарар објави фотографии од породувањето и откри низ каква драма поминала.

-Приказната на Лејла е едноставна уште од првиот ден. Покрај сите болки кои ги имав кога излегов од дома, си реков- Ова девојче ќе можам да го родам дури во 10 часот наутро. Пред крајот на 40-тата недела докторот ми кажа: „Постои причина зошто бебето се уште не е родено, можеби папочната врвка му е кратка“.

Времето поминуваше, моето тело беше подготвено, но таа не се појавуваше. По 11 болни часови, Лејла е родена во времето во кажав, точно во 10 часот наутро, со папочна врвка околу вратот. Конечно можев да ја прегрнам нашата ќерка… Имав среќа што покрај мене имав прекрасен тим на доктори, на кои моето здравје и здравјето на детето им беа на прво место, напиша актерката.

Убавата Шехерезад сега ужива со сопругот и нејзините деца во домот на Босфор.

Најнови вести