По долги години медиумска пауза во Србија, Сузана Тот се враќа на сцената.
Оваа прекрасна русокоса, која сите над 25 години многу добро ја познаваат, се враќа со песната „Двосед“, како и спотот за истата во кој буквално изгледа подобро од било кога. На задоволство на публиката која предолго го чекаше нејзиното враќање, Сузана истакнува дека ова е само почеток и дека со месеци напорно работи на новите песни кои ќе се најдат на новиот албум.
-Многу сум возбудена и среќна поради моето враќање. Така го доживувам сето ова, иако работев и пеам сите овие години. Никогаш не се зборувало за целосно повлекување на музиката од мојот живот, но не бев присутна и активна како порано, вели Сузана.
-Ова е песна во која претставувам нова епоха во мојот живот, која ја пренесувам во мелодијата, што значи нов звук на песните, за разлика од првото ЦД кое беше во поп-рок манир. Ова е најава за албумот кој следува на пролет. Речиси сите песни се веќе снимени во музичкото студио и останува да се прикажат на публиката, објаснува Тот.
Оние кои малку повеќе се запознаени со нејзиниот живот и кариера знаат дека Сузана се преселила од Белград во Црна Гора поради љубовта и семејството што го основала. Се омажи, роди син и максимално му се посвети на семејството.
За сето тоа време таа не престана да пее, но беше далеку од присуството и посветеноста на кариерата како пред бракот и мајчинството.Сепак, и покрај сето тоа доказ за тоа колку беше сакана и барана беше бројната публика која верно го чекаше нејзиното враќање. И вредеше – русокосата со моќен глас повторно е тука.