По една година од смртта на ѕвездата на „Goodfellas“ Реј Лиота е откриена причината.
Според ТМЗ, причината за смртта на Лиота била откриена како акутна срцева слабост и белодробен едем. Тој имал течност во белите дробови и за време на снимањето на филм во Доминиканската Република.
-Начинот на смртта на актерот беше категоризиран како природен и ненасилен“, објави ТМЗ, додавајќи дека актерот страдал и од респираторна инсуфициенција и задебелување на артериите (атеросклероза).
Лиота (67) во тоа време го снимаше трилерот „Опасни води“ во Санто Доминго, кога почина во сон.