Пејачката Аврил Лавињ вели дека „глупави интернет гласини“ се вестите кои се шират дека таа умрела, а ја заменила двојничка Мелиса, пишува Индепендант.
Гласините дека Лавињ се уморила од славата и изнајмила двојничка за да ја претставува во јавноста почнаа во 2005 година и се претпоставува дека потекнуваат од еден бразилски сајт.
За жал, гласините никогаш не стивнаа меѓу фановите.
Се шпекулираше дека пејачката всушност умрела во периодот меѓу 2002 и 2004 година по хитовите „Let Go” и „Under My Skin” и дека нејзината дискографска куќа одлучила да ја изнајми Мелиса како Аврил на полно работно време.
„Тоа е толку глупаво. Од една страна, луѓето ми велат: „Боже, изгледаш исто“, а другите: „О, Боже, таа умре“, вели Лавињ за EW.
„На луѓето им е досадно и потребно им е нешто за што ќе зборуваат“, вели Лавињ одговарајќи на прашање зошто гласините се толку популарни.