Марина Велимировиќ, свршеницата на Михајло Шаулиќ, го покажа трудничкиот стомак.
Имено, идната госпоѓа Шаулиќ на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во блажена состојба. Коментарите под објавата само се нижат, а многумина истакнуваат дека оваа состојба многу и прилега, како и на секоја жена.
За потсетување, во недела судбоносното „ДА“ ќе го кажат Михајло Шаулиќ и Марина Велимировиќ. На барање на младенците, целата церемонија ќе се одржи во хотел и ќе биде затворена за јавноста.
Подготовките траат со недели, а највозбудена е мајката на младоженецот Гордана, која е понесена од фактот дека ова ќе биде прва прослава во семејството што ја организира по трагичната смрт на нејзиниот сопруг, кралот на народната музика Шабан Шаулиќ.