Актерката Сара Џесика Паркер била фотографирана во текот на снимањето на продолжението на „Сексот и градот“ за кое веќе со месеци се зборува.
Освен за снимањето и новите епизоди, светските магазини пишуваат и за модните избори на 20 години постарата Кери Бредшо, за кои многумина се прашуваат дали се соодветни за нејзините години и дали воопшто ѝ прилегаат.
Дали Паркер е во тек со овие шпекулации, не знаеме, но едно е сигурно – овојпат таа одлучила повторно да брилира токму како и хероината на серијата која ја паметиме како модна икона.
Во тиркизно син капут фустан, црни стилето чевли со висока потпетица и атрактивна сина чанта, Кери повторно заблескала во полн сјај и докажала дека годините се само бројка кога станува збор за модата, секако ако знаете да се облечете во склад со својата фигура.
Долгата руса коса која ѝ била пуштена дополнително визуелно ја подмладила, а впечатливиот ѓердан и нараквиците совршено го заокружиле овој феноменален стајлинг.