вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По ова изненадување од синот, Бекам едвај ги задржа солзите (ВИДЕО)

По ова изненадување од синот, Бекам едвај ги задржа солзите (ВИДЕО)

Дејвид Бекам наполни 43 години. И додека сите членови од неговото семејство му го честитаа роденденот со пораки и фотографии на Инстаграм, најголемиот син одлучи да го изненади на поинаков начин.

Бруклин Бекам, кој моментално студира во Њујорк, ненадејно се појави во ресторанот во Лондон каде што поранешниот фудбалер го славеше роденденот.

Во видеото, 19-годишното момче го гушка татко си од зад грб, а Дејвид едвај успева да ги контролира емоциите.

„Најубавото роденденско изненадување, моето големо момче си дојде дома“ – напиша тој во описот на видеото.

Најнови вести